Новата работна недела ја започнуваме токму со една деловна комбинација во кафени тонови. Темнокафените панталони со широки ногавици ги комбинираме со горен дел со куси ракави и џебови, во сафари стил. Посебно интерсен го прави ременот во пределот на половината.

На тоа пак додаваме чевли во кафени и беж тонови, со висока дебела потпетица, како и голема чанта, што ќе ги собере сите потребни работи. Додадовме и очила за сонце во слична нијанса, а според прогнозите, добро ќе биде да си земете и чадор.

Сосема на крајот, ви посакуваме седмица исполнета со успех!

Објавено:
21 август 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
667 пати