Понеделник во карирани панталони и џемпер
•
16 декември 2019
Добро утро. Новата работна недела почна магловито, па веруваме дека овој понеделник повеќето сме сонливи.
Сепак, секое време е одлично за добра модна комбинација. Денеска се одлучивме за карирани широки панталони и топол џемпер во кафена нијанса. Секако, можете да се одлучите и за повесели бои и така да ѝ пркосите на маглата.
Обувките се беж и со врвки, а на сето тоа додадете макси капут или макар до колена и имате совршена зимска деловна комбинација.
Ви посакуваме успешна работна недела.
фото: Pinterest.com;