Понеделник во карирано молив здолниште + смарагдно зелени сандали

26 април 2021

Сонцето некако го амортизира фактот дека е понеделник, а обврските штотуку почнуваат. А еден ваков сончев понеделник заслужува интересна контрастна комбинација.

Карираното здолниште во жолта боја е полн погодок од аспект на принтот и бојата. Комбинирајте го со полесен дуксер во црна боја или маица со краток ракав. А врвот на комбинацијата нека се сандалите во смарагдно зелена боја. 

Ви посакуваме храбар и убав понеделник!

Објавено:
26 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
434 пати