Добро утро. Нова работна недела, а последен ден од месецот.

Ние и овој понеделник ќе ве инспирираме за тоа како можете да изгледате. Денешниот предлог е деловна комбинација составена од одело, во случајов со кариран дезен и беретка во жолта нијанса.

Иако на фотографијата нема, вие можете да вклучите и кошула, а стајлингот да го дополните со дискретен накит.

На тоа додадете капут и чизми до глужд или чевли на потпетица, а комбинацијата на бои направете ја според вашиот сензибилитет и можности.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
28 февруари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
605 пати