Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние ја започнуваме со нов предлог-стајлинг за инспирација.

Понеделнички сите сме некако поделовно расположени, барем кога е облеката во прашање, па затоа и овој предлог е таков.

Одберете ги омилените црни панталони и искомбинирајте ги со класична бела кошула или со дискретен принт, како во случајов.

На тоа додадете блејзер, во конкретниов пример е во кбеж нијанса, но вие можете да си одберете и друга боја.

Комбинацијата заокружете ја со чевли, чанта, секако капут иако го нема на фотографијата и дискретен накит.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
14 март 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
747 пати