Добро утро. Ни претстои нова работна недела, а започнува со сонце што сигурни сме позитивно влијае и на вас.

Нашиот понеделнички предлог е женствен и деловен. Бела кошула фустан е класично парче што може да ви се најде во бројни пригоди.

Овој пат е во комбинација со краток топ без ракави од кожа, во тегет нијанса. Вие можете да одберете и некој во друга нијанса или со друг крој, секако ова служи за инспирација.

Чевлите се исто така тегет и со висока потпетица, а чантата е голема во комбинација со истите нијанси.

Вие можете да одберете и некоја во посмела боја.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
18 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
603 пати