Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ја започнуваме со лежерен деловен стајлинг. Нашиот денешен предлог се карирани панталони со должина до глужд. Струкот е висок и има и ремен, со што уште повеќе се истакнува овој дел од телото.

Ги комбинираме со тенка блузичка со ѕвонести ракави. На тоа додаваме чанта со принт и црни рамни чевли. Доколку не сте љубител на рамните обувки, можете да ги замените со чевли на потпетица, комбинацијата еднакво ќе изгледа добро.

На крајот, не заборавајте го карминот и очилата за сонце (иако ги нема на фотографијата). 

Ви посакуваме успешна недела!

Објавено:
21 мај 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
713 пати