Понеделник во макси здолниште и бела кошула
•
29 јуни 2020
Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со сонце и убаво време. Во склад со тоа и нашиот денешен предлог е летна комбинација.
Составена е од макси здолниште со принт во жолти тонови и бела ленена кошула без ракави, со закопчување напред.
Широкиот ремен во кафена нијанса дополнително ја нагласува половината, а во слична нијанса е и чантата. Сандали, балетанки, еспадрили - одберете што ви е удобно.
Ви посакуваме убав ден и уште поубава недела.