Веруваме дека и вам не ви се станува од кревет ова понеделничко дождливо утро. Но, не дозволувајте дождот, метежот и фактот што е понеделник да ви влијаат на расположението!


Слободно облечете ролка или џемпер (тоа е прегратка од облеката) и фармерки, но внесете свежина со мантилот на дожд со интересен шарен принт и гумените чизми за дожд во впечатлива боја. 
Ако имате половина час слободно време, проталкајте по дождот. Можеби ќе видите дека има и убава страна, а и ќе се подружите со градот.
Имајте нежен понеделник!
Објавено:
19 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
505 пати