Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со деловна колоритна комбинација. Миди здолниште од плетена ткаенина е искомбинирано со кошула во индиго нијанса, со волуменозни ракави.

Стајлингот е заокружен со интересни модни додатоци. Црвени чизми се изборот на обувки, додека пак чантата е во тиркизна нијанса.

Иако во прв момент ви изгледа како да има премногу бои, од фотографијата ќе видите дека тие функционираат совршено. 

Додадете мантил и очила за сонце и имајте прекрасен ден!

 

Објавено:
18 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.316 пати