Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ја започнуваме со предлог-стајлинг.

Овој пат, нашиот избор се панталони -килоти со висок струк. Поради бојата се впечатливи, а широчината на ногавиците ги прават удобни и супер избор за летните денови.

Во комбинација се со кошула со широки ракави, V-израз и дискретните карнери во предниот дел.

Сандали и чанта се изборот на модни додатоци во конкретниов случај, но вие направете комбинација според вашиот сензибилитет и можности.

Дискретен накит и насмевка на лицето и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
975 пати