Понеделник во панталони со висок струк и ролка
•
11 јануари 2021
Добро утро. Веруваме дека за добар дел од вас ова е првиот работен ден после празниците. Се надеваме дека и утринава не' читате во добро расположение и здравје.
Ние и овој ден го започнуваме со стајлинг на денот, а нашиот предлог се панталони со висок струк и широки ногавици и ролка. Во случајов е кратка ролка, но вие можете да ја замените со џемпер или долга ролка.
Можете да додадете кратка јакна и секако капут. Со оглед на тоа дека е дождливо, не заборавајте и чадор.
Ви посакуваме убав ден!