Новата работна недела ја започнуваме со сонце и комбинација во пастелно сини тонови. Нашиот денешен предлог е деловна комбинација, но не толку типична.

Се одлучивме за фармерки од црвст тексас, со висок струк и прави ногавици. Ги комбинираме со пастелносино палто со асиметрично закопчување.

Комбинацијата ја заокружуваме со колор-блок чевли во слична сина нијанса и пастелно сино ранче.

Имајте успешна работна недела!

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
660 пати