Добро утро. Нова работна недела е пред нас, ви посакуваме да биде успешна. А инспирирани од тоа, нашиот денешен предлог е топла есенска деловна комбинација.

Плетен фустан во беж нијанса со ремен кој ја истакнува половината и сако во посветла нијанса се практична, слоевита и елегантна комбинација.

Мала чанта и чевли во слични нијанси се модните додатоци со кои е заокружена комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

 

Објавено:
29 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.513 пати