Добро утро. Се надеваме дека новата работна недела ја започнувате во добро расположение и здравје. Ние ја започнуваме со рубриката „Стајлинг на ден“, а овој пат нашиот предлог е топол плетен комплет.

Плетено здолниште под колена и џемпер со ролка се совршени парчиња за оваа сезона - практични се и топли и можете да им најдете место во многу комбинации.

Во случајов се искомбинирани со кафени високи чизми и голема чанта. 

Вие можете да го замените комплетот со плетен фустан или со плетена блуза и плетени панталони.

Слични плетени комплети и чизми можете да најдете и тука, додадете и капут и започнете ја неделата дотерано и со успех.

 

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
845 пати