Понеделник во плисирано здолниште
•
17 октомври 2016
Првиот ден од работната недела го дочекавме со малку облачно време, но тоа не значи дека денеска не треба да се дотераме. Почнете ја неделата во стилско издание составено од црно плисирано здолниште и сладок џемпер со црвени цветови во горниот дел. Комбинацијата надополнете ја со куси чизмички до глужд и црна куса јакна, а чантата денеска нека биде во најубавата црвена боја. Што се однесува до накитот, единствено носиме обетки во форма на пеперутки и секако, неизбежниот црвен кармин!
Уживајте во денот!