Добро утро. Пред нас е нова работна недела, се надеваме дека ќе ви биде успешна и дека пред сè ќе останете во добро здравје.

Нашиот понеделнички стајлинг е една лелеава и женствена комбинација, идеална за повеќе пригоди.

Колор-блок плисирано здолниште (црно-бела комбинација) e трендовско парче кое можете да го комбинирате со многу парчиња. Во конкретниов случај, изборот е обична црна маичка, но може да биде и кошула, блузичка, маичка на прерамки, зависи од пригодата...

Сандали, дискретен накит и очила за сонце се изборот на модни додатоци, но секако вие ќе го прилагодите на вашите потреби.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
20 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
627 пати