Започнете ја оваа прекрасна сончева недела со интересен волнен фустан со принт во неколку бои. Основата е црна, а на истиот се сместени и сиви и портокалови парчиња, што се појдовна точка за останатите парчиња во комбинацијата. Носиме црни кожени чизмички, сива зимска шапка и неодолива мини чантичка за стилски изглед. Од накит носиме единствено сребрен часовник и мали обетки, а усните денеска се неодоливо портокалови.

Објавено:
19 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
988 пати