Понеделник во риги
•
4 април 2016
Иако утрово се разбудивме со малку облачно време, се надеваме дека како што беше случај вчера, ќе уживаме во сонцето во остатокот од денот. Денеска носиме слатко фустанче во риги и го комбинираме со шик тексас јакничка. Комбинацијата надополнете ја со високи чизми и стилска црна шапка, а секако украсете ја и со вашите омилени модни додатоци.
Ви посакуваме успешен старт на работната недела!