Првиот ден од неделата поминете го во супер стилска комбинација која е истовремено толку удобна, но и неверојатно модерна. Овој понеделник носиме широки фармерки и ги комбинираме со топло џемперче во сива боја со ѕвон ракави. Утрово температурите се малку пониски, па со себе понесете и стилска бомбер јакна со шармантни цветни везови. Што се однесува до модните додатоци, денеска носиме слатко ранче со колоритни крзнени украси, црни лакирани чевли и впечатлив кармин за уште поинтересен изглед.

Уживајте во денот!

Објавено:
24 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
702 пати