Понеделник во широки панталони и маичка на пруги
•
15 мај 2017
Првиот ден од работната недела го дочекавме со повисоки температури кои се чини ќе се зголемуваат во текот на денот. По тој повод, веќе е време за една летна комбинација составена од широко здолниште во А – крој и маичка со жолто – бели пруги. Бидејќи температурите се супер, веќе можете да ја започнете сезоната на отворени летни балетанки кои се едни од нашите омилени. Комбинацијата надополнете ја со оваа кафена чанта, задолжителните очила за сонце и впечатливата алка во златна нијанса.
Имајте успешен старт на работната недела!