Понеделник во широко фустанче со карнери и црвени сандали

22 јули 2019

Првиот ден од работната недела го дочекавме со малку повисоки температури од минатата недела, а тоа веднаш значи лежерно фустанче во кое ќе уживаме во текот на целиот ден.

Денеска одбравме лесно фустанче во темна боја со бели точки по површината и неодоливи карнери што го прават уште понеодоливо.

Фустанчето го комбинираме со црвени сандали и чанта по ваш избор, а денеска целиот акцент е на модните додатоци, па така носиме стилска шапка, очила за сонце и шармантни алки.

Имајте убав ден!

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.090 пати