Првиот ден од работната недела поминете го во нежна комбинација составена од неколку неодоливи парчиња во сини нијанси. Носиме модерни фармерки во комбинација со нежна сина блузичка и тренди палто во иста нијанса. Бидејќи времето и денеска е одлично, не двоумете се да ги извадите старките од плакар и да ги комбинирате со овој стајлинг. Комбинацијата надополнете ја со слатка чантичка во сива боја во која ќе сместите сѐ што ви е потребно за овој убав ден.

Објавено:
8 февруари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
707 пати