Понеделник во сиви панталони и бела маичка на куси ракави

15 јули 2019

Првиот ден од работната недела секогаш ни треба малку повеќе мотивација за да станеме од кревет и да се соочиме со работните обврски.

Денеска одбравме лежерна комбинација составена од неколку стилски и удобни парчиња во кои ќе уживаме во текот на целиот ден.

Носиме тренди сиви панталони со висок струк и ремен на половината и ги комбинираме со слатка маичка на куси ракави во бела нијанса.

Комбинацијата ја надополнивме со сандали на потпетица, шапка и розова мини чантичка.

Уживајте во понеделникот!

Објавено:
15 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
813 пати