Конечно утрово се разбудивме со малку повисоки температури и сонце во градот, па тоа значи дека може да облечеме и некоја стилска комбинација. По повод сонцето, денеска носиме здолниште од тул во сива нијанса и нежна блузичка со панделка во средината. Бидејќи денеска очекуваме повисоки температури, јакна не ни е потребна. Чевлите и ранчето се сребрени и истите совршено се вклопуваат во целата комбинација. Очилата за сонце и сребрените кружни обетки се задолжителните парчиња за денеска.

Имајте супер старт на работната недела! 

Објавено:
24 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
738 пати