Првиот ден од работната недела секогаш е супер тежок, па ни треба нешто да се расположиме.

Денеска носиме прекрасно свилено здолниште и го комбинираме со едноставна бела маичка на прерамки, а одозгора парчињата ги стилизираме со розово лежерно палто со интересна должина.

Стилската комбинација надополнете ја со сандали на потпетица додека сѐ уште можеме да ги носиме и чантичка во кафена нијанса.

Што се однесува до модните додатоци, очилата за сонце се во црна боја, а обетките во неодолива златна нијанса.

Имајте убав ден!

Фото: Elle France

Објавено:
16 септември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
763 пати