Првиот ден од работната недела поминете го во шик комбинација составена од неколку навидум едноставни, но многу впечатливи парчиња. Денеска носиме плетено фустанче во темно сини и бели пруги и го комбинираме со овој неодолив капут во неколку нијанси совршено споени. Бидејќи и денеска се разбудивме со прилично пролетно време, не двоумете се и комбинацијата истакнете ја со овие сребрени со интересна и украсена потпетица. Чантата е сребрена како и чевлите, а што се однесува до модните додатоци, денеска единствено потребни ни се очилата за сонце.

Имајте супер почеток на работната недела! 

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
406 пати