Понеделник во темно црвено
•
1 февруари 2016
Првиот ден од работната недела поминете го во широки и супер удобни фармерки комбинирани со џемперче во темно црвена боја и бела кошулка одоздола. Комбинирајте со топол сив капут со интересни ракави и сребрени чевли за кои конечно имаме убаво време за носење. Чантата денеска е сива со реси во иста нијанса, а од шминка единствено носиме неодолив темно црвен кармин.