Првиот ден од работната недела блеснете во шик комбинација составена од клучни парчиња што совршено ќе го најават вашето враќање! Носиме едноставни фармерки комбинирани со кошулка во црно – бела варијанта. Комбинацијата надополнете ја со сина бундичка од вештачко крзно, црни ниски чизми, сина чантичка и модерна зимска шапка. Што се однесува до накитот, денеска одлучете се за часовник и неколку тренди алки.

Уживајте во првата работна недела од новата година!

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
706 пати