Првиот ден од работната недела поминете го во топло плетено фустанче ролка во комбинација со шик капутче во темно зелена нијанса. Ги надополнуваме со интересни високи чизми со реси во кафена боја и чанта во слична нијанса. Бидејќи комбинацијата сама по себе е доволна, денеска не носиме никаков накит, а шминката нека биде нежна и едноставна.

Имајте успешен старт на работната недела!

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.573 пати