Новата работна недела во која нè дочекаа и пониски температури, па затоа нашиот денешен предлог е топла есенска комбинација.

Денешниот стајлинг е составен од панталони со дискретен кариран принт. Ги комбинираме со ролка во портокалова нијанса. 

На тоа додаваме кариран мантил (може да биде и потенок капут) и црни чизми до глужд.

Чантата е во колор-блок варијанта, со портокалово-бордо нијанса.

Ви посакуваме убава работна недела!

Објавено:
22 октомври 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
953 пати