Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ја започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“. 

И ова утро ќе ве инспирираме, а денешниот предлог е комбинација составена од широко здолниште, во случајов од еко-кожа во беж нијанса, но вие одберете какво имате во гардероберот и топол џемпер со широки ракави во корална нијанса.

На тоа додадете високи чизми и капут, а со беретка, чанта за преку рамо и секако чадор и покрај тоа што го нема на фотографијата, заокружете ја комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
10 јануари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
558 пати