Добро утро. Се надеваме дека новата работна недела ја започнувате во добро здравје и расположение. Ние ја започнуваме со нова предлог-комбинација, елегантна и женствена.

Се работи за фустан кој ја следи лнијата на телото во горниот дел. Има кратки ракави и висок околувратник.

Струкот е истакнат со тенко ременче, додека пак, здолништето е широко и од страна плисирано.Чевли на висока, но широка потпетица во слична пастелно розова нијанса се изборот на чевли. Чантата е тегет, а марамата во коса е моден детал кој ѝ дава романтична и уште повпечатлива нота на комбинацијата.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
15 јуни 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.465 пати