Првиот ден од работната недела поминете го во слатко здолниште со висок струк во темно сина боја комбинирано со џемперче со животински принт. Бидејќи времето утрово е малку постудено, задолжително со себе понесете си и крзнено елече. Чизмите и денеска се до глуждовите во светла крем нијанса, а во иста боја е и чантата. Од модни додатоци, денеска носиме часовник и алки што одлично се комбинираат со него.

Имајте прекрасен почеток на работната недела!

Објавено:
16 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
955 пати