Првиот ден од работната недела поминете го во топло зимско издание во кое ќе уживате на снегот. Во првиот понеделник од новата година носиме едноставни фармерки и ги комбинираме со стилско џемперче со зимски мотиви. Комбинацијата надополнете ја со црвени чизми со кои може да шетате на снегот, но и капутче во иста нијанса и ранче во црна боја. Задолжителна зимска опрема се капата и ракавиците без кои денеска не излегуваме од дома. 

Објавено:
4 јануари 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
740 пати