Конечно среда и конечно сонце во главниот град! По тој повод, денеска блеснете во полн сјај со супер стилска комбинација во која ќе уживате во текот на денот. Носиме топло џемперче фустан во сиво – црна варијанта и го комбинираме со ова совршено сиво капутче со впечатливо крзно. Стоплете се со овие стилски високи чизми над колената кои се одличен пријател на сите плетени фустани оваа зима. Чантата е неодоливо модерна и во нијанса како и останатите парчиња, а по повод сонцето не заборавајте ги очилата и оваа слатка капа со крзнен додаток. 

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.697 пати