Иако утрово се разбудивме со пониски температури во главниот град, не дозволувајте ништо да ве спречи денеска да блеснете во полн сјај! Одберете го вашето омилено здолниште во боите на есента и комбинирајте го со топла ролка во слична нијанса. Веќе е вистинско време за кафените чизмички од минатата година, па денеска слободно комбинирајте ги истите, бидејќи тие се вистинскиот избор за дождливото време. Акцентот денеска ставете го на чантата, па таа нека биде во некоја супер јака боја што ќе ја надополните со карминот во иста нијанса. Накитот повторно е во златни нијанси, бидејќи тоа е омилената боја во есенските денови.

Имајте прекрасен викенд!

Објавено:
25 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.264 пати