Со оглед дека повеќето од вас ги очекува продолжен викенд, уште од денес можете да се опуштите и да се радувате на претстојните денови.

Токму затоа, нашиот денешен предлог е една весела комбинација со ретро нота. 

Фустанот без ракави, на кој доминира црвената боја го комбинираме со сандали во истите нијанси кои се содржат и на фустанот.

На тоа додаваме бела чанта со патенти и ретро бели очила за сонце.

За уште повпечатлив изглед, ставете црвен кармин. Нека биде на радост!

Имајте убав ден!

Објавено:
1 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
348 пати