Иако денеска дождот и облаците го заменија сонцето, тоа не значи дека не треба да се дотерате. Нашиот предлог е тексасно здолниште со копчиња, ретро - но тренди парче, идеално за многу комбинации. 

Така, во нашиов случај, одлично изгледа и со розова кошула со долги ракави на точки, но доколку не сте обожавател на оваа боја или ви е премногу „женска“, тогаш одберете сина, која ништо помалку нема да ја направи оваа комбинација убава и весела.

И покрај тоа што е облачно, можете да си ги земете очилата за сонце. Од модни додатоци ние додадовме и плик чанта во интензивно розова боја, но со оглед на времето, можете да земете и некоја преку рамо, но исто така во интензивна боја. Исто така, ѓердани и прстени во повеќе бои ќе ја направат оваа комбинација уште повесела.

Ви посакуваме убав викенд!

 

Комбинација: Fashion Group

Здолниште и кошула (розова и сина): Спрингфилд

Чанта: Манго

Очила за сонце, ѓердани и прстени: Парфоа

Објавено:
9 април 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
582 пати