Првиот ден од работната недела поминете го во навидум едноставна, но многу стилска и романтична комбинација. Носиме шик фармерки со висок струк и ги комбинираме со романтична, бохо кошулка во бела нијанса и големи карнери во предниот дел. Комбинирајте со неодоливи чевлички на потпетица во црно – бели риги и панделка која им дава супер слатка нота. Со оглед на сончевото време, не заборавајте ги и очилата за сонце и малку сребрен накит кој никогаш не е на одмет!

Објавено:
23 мај 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
483 пати