Романтичен понеделник
•
27 јуни 2016
Првиот ден од работната недела поминете го во слатка комбинација во која ќе уживате во текот на целиот топол ден. Денеска носиме широки панталони во прекрасна светла нијанса и ги комбинираме со неверојатно стилско елече со везени апликации. Комбинацијата надополнете ја со интересна чантичка со летни детали и балетанки во крем боја. Секако, и денеска од дома не излегувајте без очила за сонце и нежен кармин.
Ви посакуваме успешен старт на работната недела.