Вториот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце, а тоа значи комбинација составена од парчиња во свежи бои. Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со оваа неодолива розова кошулка со цветни апликации и тексас јакна која подоцна можеби и нема да ни е потребна. Комбинацијата надополнете ја со овие слатки сини чевлички и прекрасна чантичка во иста нијанса, а и денеска задолжителни се очилата за сонце и нежната шминка.

Имајте супер сончев вторник! 

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
658 пати