Оваа сабота доколку сте романтично расположени, нашиот предлог стајлинг ќе се надоврзе на вашата приказна. 

Одбравме комбинација во која женственоста е ставена во преден план. Комбиниравме здолниште со точки и топла блуза во кафена нијанса, а струкот го потенциравме со ремен.

Капутот во капучино нијанса дава акцент на целиот аутфит, заокружен со очила за сонце и беретка за шик шмек.

Објавено:
24 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.099 пати