Оваа среда ние се чувствуваме романтично, па токму таква е и нашата предлог комбинација. 

Бел макси фустан е одлично летно парче, што веројатно речиси секоја жена сака да го поседува во својот гардеробер. Овој што ние го предлагаме е со отворени раменици и тантела, што му дава нежна и посакуваната романтична нота.

Го комбинираме со жолти рамни сандали, во склад со сончевото време, и чанта во истата нијанса, со цветна апликација на предната страна.

На крајот додаваме очила за сонце, а вие можете да додадете и шапка. Веруваме дека со оваа комбинација ве инспириравме за тоа што можете да земете за летен одмор, или што да облечете за летните прошетки доколку не можете да отидете на одмор.

Сепак, најважно од сè да сте добро расположени.

Имајте убава, романтична среда!

Објавено:
19 јули 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
542 пати