Минатиот викенд во Лос Анџелес се одржаа популарните MTV Video music awards, каде сензационалистичкото око на јавноста се задржа на ексцентричните стајлинзи на Мајли Сајрус.

Меѓутоа, на „шарениот килим" продефилираа и неколку впечатливи стајлинзи и покрај нивната едноставност.

Карли Клос нè воодушеви со нејзиниот избор што вклучуваше едноставен долг фустан од Луј Витон во изразено портокалова боја украсен со нитни во делот околу прерамките. Изгледот го надополни со ниски отворени сандали, со што го заокружи овој „калифорниски" стајлинг во кој очигледно истовремено се чувствува и опуштено и секси.

Објавено:
5 септември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
614 пати