Сабота во бел фустан на копчиња
•
15 јуни 2019
Понекогаш е тешко да се одбере што да облечеме, дури и кога е топло и мислиме дека изборот тогаш е полесен.
Но, кога се високи температури во прашање, секогаш бараме нешто лесно, лелеаво и удобно. Токму таков е и нашиот денешен предлог стајлинг.
Бел макси фустан на копчиња е нешто што секогаш ќе ви биде добредојдено во лето и тоа за разни пригоди. На конкретниов модел, ракавите се долги, но пуфнасти, а рамениците откриени.
Копчињата се црни, како и ременот на половината, со што се внесува контраст. Стајлингот е заокружен со црна мала чантичка, шапка и сандали во истите нијанси.
Ви посакуваме убав ден!