Добро утро. Викенд е, сончево е, па зошто да не го искористите најдобро што можете, а притоа да сте супер дотерани ?

Ние имаме нов предлог за стајлинг - бела комбинација идеална за вакви топли денови.

Стајлингот е составен од бели бермуди и кошула во широк крој, со израз во V и со џебови. Чантата е во слични нијанси и платнена, а ременот пак е во кафена нијанса што одлично ја надополнува и освежува комбинацијата.

Дискретен накит и очила за сонце и подготвени сте да уживате во денов. 

Разгледајте ги можностите кои ги нуди вашиот плакар во овој контекст и направете си комбинација по мерка.

Убав ден :)

Објавено:
14 август 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
689 пати