Конечно викенд и одлични температури во градот! Без разлика што и да правите денеска, комбинацијата нека ви биде удобна и стилска.

Носиме едноставна бела маичка и ја комбинираме со крем панталони од лен со висок струк и кафен ремен на половината.

Бидејќи се чини дека во текот на целиот ден времето ќе биде совршено, комбинацијата без проблем надополнете ја со омилените сандали со ремчиња.

Кафената чанта, ланчињата во златна нијанса и очилата за сонце се сè што ви треба денеска.

 

Објавено:
25 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.619 пати