Своевремено, оваа комбинација беше една од омилените на сите девојки во светот, а се чини истата повторно се враќа низ улиците.

За време на викендот секогаш сакаме да се чувствуваме убаво што и да носиме, па така во денешната комбинација можете да уживате во текот на целиот ден.

Носиме едноставна бела памучна маичка на куси ракави и ја комбинираме со фустанче на тенки прерамки со бела основа и жолти детали.

Комбинацијата ја надополнивме со патики за уште поубав ден, кафена чанта и кружни обетки во златна нијанса.

Уживајте во викендот!

Фото: SincerelyJules/Pinterest

Објавено:
20 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
542 пати