Се чини дека летото пристигна и веќе е време за омилените куси фустанчиња без ракави, ако ги земеме предвид најавените високи температури.

Какви и да ви се плановите денеска, одберете нешто лесно и впечатливо, а што е подобро од шик бело фустанче.

Истото е дополнително украсено со впечатливи копчиња во предниот дел, а можете да го носите со рамни кафени сандали или пак едноставни бели патики.

Сламената шапка, накитот во златна нијанса и очилата за сонце денеска се задолжителни, а истите одат совршено во комбинација со фустанчето.

Имајте супер сабота!

Објавено:
8 јуни 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
958 пати